Мицкоски вели дека трикови околу цените нема да толерира, а минималната кошница поскапе 1.217 денари


Фото: Б Грданоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека доколку се забележи неконвенционално однесување во однос на цените на прехранбените производи, ќе интервенираат како Влада. 

– Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Владата рековме дека трикови нема да толерираме, но исто така, не мислам дека е сезонско овошје – јагоди, цреши, лубенци за овој период од годината, изјави денеска Мицкоски во однос на синдикалната потрошувачка кошничка.

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги објави минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство за мај кои, според податоците, се зголемени за 1.217 денари во споредба со април. Зголемување од 954 денари има кај храната и пијалоците.