Милевски го објави составот, капитенот Ристовски се враќа во тимот


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги избра единаесетмината, кои ќе го почнат вечерашниот натпревар против Исланд во Скопје во рамки на завршното коло од квалификациската група Ј за пласман на Мундијалот идната година во Катар. 

Во составот на „црвено – жолтите“ по издржаната суспензија поради жолти картони се враќа капитенот Стефан Ристовски, а во формацијата 4-4-2 нападот го сочинуваат неговиот помлад брат Милан Ристовски и Александар Трајковски. 

Почетен состав на македонската репрезентација за натпреварот против Исланд:

Димитриевски – Стефан Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски – Елмас, Барди, Костадинов, Чурлинов – Милан Ристовски, Трајковски. 

Македонската репрезентација со триумф вечерва од 18 часот на Национата арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе обезбеди историски бараж во мундијалските квалификации пред жрепката што е закажана на 26 ноември.