Милановиќ остро и без ракавици: Собирот на ХДЗ е „бал на вампирите“
Претседателот на Хрватска повтори дека ќе остане кандидат за премиер без разлика дали ќе остане на листата на СДП
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ја продолжи реториката од петокот кога најави дека ќе се кандидира за премиер и остро возврати на нападите на владејачката ХДЗ. „Ќе ја исфрлам ХДЗ од власт, време е да си одат!“, рече меѓу другото Милановиќ. Тој го нарече денешното општо собрание на ХДЗ „бал на вампирите“, а за коментарите на Владимир Шекс одговори: „Треба да му се земе шишето“.
За критиките дека неговиот потег е напад на Уставот, вели дека за тоа ќе одлучи народот, јави Н1.
„Ова не е МР, не е механика на флуиди, тоа се неколку реченици во Уставот што некои ги толкуваат како да се администрација на затворскиот систем. Јас го гледам поинаку. Човекот кој го напиша Уставот од 90-тите, Круно Олуиќ, го гледа како јас. Некои други гледаат поинаку. Небитно е што мислат, небитно е што мислат Уставниот суд и кумот на Шекса. Тие можат да донесат каква одлука сакаат, јас ќе бидам во кампања и ќе бидам кандидат за премиер. Можете да бидете на европските избори, според законот донесен во 2010. ХДЗ го донесе. Тоа може, но не може за Собранието, ајде објаснете ми“, вели.
„Тоа е глупост, но на тоа сметавме. Гледам дека никој од тие уставни експерти не го ни прочитал, тие се учители“, рече тој и додаде дека прашање е дали Уставот ќе го толкуваме како духот на таткото на Хамлет.
„Каков е духот на Уставот, во Уставот пишува што пишува, јас ќе бидам кандидат за премиер. Задутре нема да зборуваме за тоа. Одам на избори и ќе ја исфрлам ХДЗ од власт, ќе ги избркаме затоа што е време да си одат“, рече Милановиќ и додаде дека ќе собере коалиција од чесни луѓе.
Тој повторно се врати во собранието на ХДЗ, велејќи дека денешниот собир е „идеална можност Интерпол да ги собере сите, но ништо“.
Тој повтори и дека ќе остане кандидат за премиер без разлика дали ќе остане на листата на СДП.
„Ниту една педа моќ на тие сомнителни момци. Меѓу нив, најмалку сомнителен е Јандроковиќ“, вели тој, објаснувајќи дека со потписите ќе дојде кај претседателот на Собранието, но дека тоа ќе биде новиот претседател на Собранието, а не Гордан Јандроковиќ од ХДЗ.
Тој беше прашан и дали лажел кога пред еден месец рече дека нема да биде кандидат за премиер.
„Не зборувајте како Пленковиќ. Кога ви ја кажав таа одлука? Тоа е грубо прашање. Дали кажав на кој датум ја донесов таа одлука? Па, најдобро е тоа да го кажам на телевизија. Само будала зборува за теми кои треба да се чуваат во тајност. Да, не го кажав тоа, имам право на тоа“, рече Милановиќ.