Милано не е Холивуд: Сите зборат за стилот на Лорен Санчез


Милано – Во Милано, центарот на светската мода, каде се облекува и се живее со стил, по секоја цена, гламурозно или кежуал, слета телевизиската новинарка Лорен Санчез и од првите редови на Модната недела и од хеликоптер покажа тотален невкус во облекувањето и доказ дека стилот не се купува со пари, и да ги имаш на тони. Како да се тркаше со Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, која изгледа поразголено. За чудо, нејзиниот свршеник, милијардерот Џон Безос кој не излегува од маица и спортска јакна, стана поелегантен во Милано, па облече и кадифен смокинг ,  а омилената спортска јакна ја искомбинира со црна кошула. 

Во секој случај, богата двојка се облече за да импресионира за време на патувањето во Италија, кое вклучуваше присуство на ревијата на Долче и Габана есен/зима 2024-2025 година на Модната недела во Милано, каде синот на Санчез, Нико Гонзалес (22), го имаше своето деби на писта.

Пристигнувајќи на ревијата држејќи се за раце, наградуваната новинарка (54) носеше бела кошула со јака преку црна кошула со длабоко деколте. Таа го спои ансамблот со црно мини здолниште, хулахопки, пар црни потпетици и впечатлив дијамантски ѓердан.

Во меѓувреме, основачот на Amazon носеше шик целосно црн ансамбл .

За време на патувањето, двојката се појави на забава на Долче и Габана.За ноќното излегување, Санчез се одлучи за проѕирен црн фустан од чипкаст Dolce & Gabbana со црна јакна преку рамениците. Безос во целосно црн костум.