Муцунски: Денес се случи народ, бојкотот на изборот на претседател не успеа


Тимчо Муцунски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на прес конференција по затворањето на гласачките места соопшти дека, според нивните податоци, цензусот за избор на претседател е постигнат и не успеал бојкотот на ДУИ.

Иако пребројувањето на гласовите не беше почнато тој ја прогласи Гордана Силјановска- Давкова за нов претседател и најави дека по изборите ќе се бара одговорност „за неколку функционери“ од владеечките партии кои, според него, правеле обиди да влијаат на изборите, т.е. да купуваат гласови со прашање – од каде им се за тоа парите?

Паралелно со неговата прес конференција, на која повторно им порача на ДУИ дека ќе одат во опозиција и дека вечерва ќе даде јасна слика како ќе изгледа идната влада влада, изјава даде и претседателот на ДИК, Александар Даштевски, според кој излезеноста заклучно со 18:30 часот за претседателските избори изнесува 46,34 отсто. 

-Македонија ќе има нов претседаѕел, цензусот е постигнат, а отворениот повик на ДУИ  за бојкот на претседателските избори не успеа. Елитите во власта се поразени од народот, но денешниот ден ги откри сите игри на власта и сценариото на кое предупредувавме, дека ДУИ преку бојкот на претседателските избори сака да се факторизира . ВДобрата вест е дека ДУИ изгуби двојно, а Македонија излезе на избори за да си ја врати државата – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми…, да си ја вратат контролата врз системот  што ја немаа, да си ја вратат државата од елитите, изјави Муцунски на прес конференцијата, пред да најави дека ќе се бара одговорност за наводни „илегални активности со кои го поткопувале гласачкото право „ неколку функционери од владеечките партии и пред да заклучи дека со тоа оваа власта покажала дека е „една од најкриминалните досега“.

-Народот прати порака, време е за ново поглавје, рече Муцунски  иако не ги знаеше резултатите. Тој сепак најави дека очекува одличен резултат на изборите, подобар и од првиот круг и иако рече дека станува се поизвесно дека ДУИ заминува во опозиција, повика да се почекаат резултатите пред да даде конечна изјава за евентуална коалиција со ДУИ. Тој очекуваше дека резултатите ќе покажат опозициско расположение во земјата.