Мицкоски задоволен од намалените царини од САД, очекува да одат уште подолу

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази благодарност до САД за намлување на царините за извоз на македонски производи во оваа земја од 33 на 15 отсто, но истовремено рече дека очекува во наредниот период оваа стапка дополнително да се намали.
„Ние сме од 33 проценти намалени на 15 отсто. Преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме, ословно кажано, на пауза“, изјави Мицкоски одговарајќи на прашања ан новинарите по неговата посета на универзитетската Клиника за уво, грло и нос.
„Од она што го видовте како соопштение од страна на кабинетот на претседателот Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор. Тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински стапки, односно не се ни царини, ова се трговски маржи“, рече Мицкоски
Тој додаде дека веднаш после годишните одмори кои што ќе ги користат и во администрацијата на претседателот Трамп и во канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерствата и институциите, очекува во втората половина на август да продолжат со преговорите, како и дека очекува стапките да одат уште подолу,
„Во соседството, она кое што беше објавено, ја има Србија на пример со 35 проценти, Босна и Херцеговина со 30 проценти, или Швајвцарија со 39 проценти. Ние како Македонија сме во иста група како Израел, Новешка, Европската унија и тн.“, рече Мицкоски, додавајќи дека во оваа прва фаза сака да се заблагодари на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти.
„Ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подолу“, рече Мицкоски.