Мицкоски за пожарите: Ме загрижуваат индициите дека голем дел од нив се намерно подметнати

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи за пожарите низ државата, рече дека е загрижен поради тоа што добива информации дека дел од нив се намерно подметнати.
„Владата имаше прв работен ден 24 јуни, првиот посериозен пожар беше на 10 јули. Каква беше тогаш фактичката состојба, хеликоптерите кои се користат при вакви состојби беа на сервис, авионите беа приземени поради дефект, а пилотите беа во пензија. И благодарение на единиците на локалната самоуправа, општината и нешто малку луѓе во тој момент почна борбата со огнената стихија. Хелокоптерите беа враќани во употреба, авионите станаа оперативни, пилотите ги вративме, и во еден момент од ништо имавме три авиони и три хеликоптери и стотици пожарникари, граѓани доброволци и ја користам оваа прилика да им се заблагодарам“, рече Мицкоски денеска од Кавадарци.
Појасни дека беше прогласена кризна состојба и истовремено беше активиран европскиот механизам при помош за кризни состојби, и помош дојде од Србија, Црна Гора, Словенија, Турција, Романија, и во тој прв бран беше совладана огнената стихија.
„Сега продолжува борбата, и не само кај нас, секаде во Европа се случува, и во текот на вчерашниот ден имавме историски незапеметен историски број на пожари на отворено. Успеавме поголем дел да ги совладаме, останатите се под контрола, благодарение на пожарникарите, припадниците од министерството за внатрешни работи, и министерството за одбрана. Ќе продолжиме да се бориме со пожарите, а имајќи во предвид во август температурите, не очекувам да има промени. Но, она што ме загрижува се индициите дека постои основано сомнение дека причина е невминателност а во голема мера и намера. Повторно денеска го активиравме еворпскиот механизам. Чешка одговори со еден хеликоптер. Унгарија испраќа четири теренци, и кои може да превенрираа, истовремено словенија одговори, Германија исто така, и тоа е капацитетот кој ќе го прифатиме, а состојбата е целосно под контрола. Апелирам до граѓаните, да нема самоорганизирање, затоа што не дај Боже необучен цивил кој има искрена намера, не дај Боже да западне во тешка состојбна и да го загуби животот, тоа нема цена. Ве молам, имам разбирање дека сите сакате да помогнете, но има доволен број на пожарникари, доволен број припадници на МВР и на министерството за одбрана и тоа е доволен број да се справиме со оваа стихија“, рече Мицкоски.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани рекордни 66 пожари, а денеска активни се уште 12.