Мицкоски со претставници на нафтената индустрија: Состојбата е под контрола, има залихи на гориво
Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат, објави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија во државата со кои разговарал за актуелната состојба со нафтените деривати.
-Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат, објави претседателот на Владата на Фејсбук.
Во објавата на неговиот фејсбук-профил, премиерот Мицкоски напиша дека состојбата и натаму будно ќе се следи.
-Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби, додаде претседателот ан Владата.