Мицкоски не би го задржал Венко Филипче за министер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Канал 5 посочи дека се обидува преку своите контакти надвор од нашата држава да донесе што е можно повеќе. Мицкоски додаде дека во вторникот имал телефонски разговор со Јанша, премиерот на Словенија и претседател на сестринска партијаза да помогне на Македонија, да обезбеди помош.
„И тоа 100.000 маски, 100.000 медицински ракавици кои што се неопходни посебно на голораките медицински лица кои што се справуваат со пандемијата. Но, тоа нема да застане тука, тоа е само првата пратка. Самите тие го организирале превозот за да навистина го добие призвикот хуманитарен. Добро е и тоа да се напомене дека тој транспорт на оваа помош ја чини нашата држава нула денари. Тоа е само првата пратка ќе има и дополнителни за некоја недел“, појасни Мицкоски.
Мицкоски образложи дека исто таква помош ќе пристигне од блиска и пријателска држава од претседател на партија која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. И навести дека тоа треба да се случи во понеделник.
Запрашан дали мисли дека сега во ситуација на корона вирус некој ќе се обиде да мести тендери за респиратори, како што тоа Филипче и владата на СДСМ според него се обиделе да го направат, Мицкоски одговори:
„Јас дали верувам или не верувам времето ќе покаже, но се плашам да не бидам во право и тогаш ќе биде проблемот ако бидам во право. Верувајте многу ретко во животот газам на трула штица и во овој случај не би сакал да бидам во право, но за жал можеби ќе бидам во право“.
Тој не се согласи дека народот мисли дека власта добро се справува со кризата. Мицкоски потсети на анкети во кои граѓаните работата на Филипче ја оценувале со двојка и посочи дека никогаш не би го задржал како министер за здравство во својата Влада.
-Ние најавивме за него кривична пријава, но врз основа на сите оние информација кои потоа дојдоа до нас, заклучивме дека во овој момент не треба да се поднесуваат кривични пријави. Не би се согласил дека граѓаните мислат дека Филипче добро менаџира со кризата. Да претпоставиме дека добро менаџирал со кризата, но пред кризата народот за менаџирањето со здравството му дал двојка. Па, сега вие заклучете дали тој треба да менаџира со здравството по кризата, рече Мицкоски.