Мицкоски сака пет, а не една потрошувачка кошница


Фото: Б. Грданоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска предложи да има пет потрошувачки кошница, за разни категории население, а не една како што сега.

Тој смета дека треба да има одделни потрошувачки кошница за самци, за млади брачни парови, за тричлено  и четиричлено семејство и за пензионер. 
“Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошница затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира. Но, исто така потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочината една заедница ”, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за време на неговата посета во Тетово .

Тој исто так додаде дека очекува наскоро да се одржи седница на Економско социјалниот совет каде што ќе го изнесе овој предлог.