Мицкоски ја однесе Силјановска на конгресот на ЕПП во Букурешт


Фото: Б. Грданоски

 

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, е однесена од партиската делегација на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Букурешт на своевидно претставување и запознавање со претставниците на сестринските партии. Затоа што, генерално, таа досега немала некои позначајни меѓународни контакти.

Во делегацијата се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски.

Делегатите на ЕПП треба да ја изберат претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за кандидат за уште мандат. Денеска на конгресот треба да се обрати и Мицкоски.