Мицкоски ги обвини трговците дека успехот го прават преку цените, а не со иновативни методи
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека на дневна основа се следат случувањата со цените во маркетите и дека институциите жестоко ќе реагираат доколку повторно има, како што ги нарече, „несакани појави“. Тој ги обвини трговците дека успехот го прават преку цените, а не со иновативни методи.
„Моравме да интервенираме и да покажее колку сме сериозни во намерата. .Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде десет или 15 или повеќе проценти и очекувам овој тренд да продолжи. Ако некој мисли дека не го следиме овој тренд, се лаже“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање што се презема повторно да не дојде до неконтролирано зголемување на цените.
Мицкоски се осврна и на деловните резултати на компаниите што се занимават со малопроджба на прехранбени производи.
„Ако ги гледаме профитите кои што ги остваруваат трговските синџири ќе дојдеме до заклучок дека меѓу условно кажано најуспешните 10-20, гледаме такви трговски синџири. А, конјуктурата на бизнисот не е сменета. Кога кажувам конјутурата мислам на волуменот, не е драматично зголемена потрошувачката или да има иновативни методи, туку станува збор за зголемување на цените и тоа не е добро, Ние тоа дневно го следиме преку Државниот пазарен инспекторат и жестоко ќе реагираме ако видиме дека повторно се случуваат несакани појави“, рече премиерот Мицкоски по пуштање во употреба на спортска сала „25 Мај“ во Општина Радовиш.