Мицкоски: Бранителите ја имаат мојата недвосмислена поддршка


Фото: Б. Грданоски

Бранителите ја имаат поддршката на премирот Христијан Мицкоски, но за поднесениот предлог-закон за бранителите, од пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ, вели дека е само обид за етнички тензии.

– Бранителите ја имаат, ја имале и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка. Овој закон е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска и интересно е што кога се гласаше за потребата за носење на дневниот ред, СДСМ ја напушти седницата. Самата пратеничка… не го поднесуваат законот затоа што им мислат добро на бранителите, туку за да создадат повторно етнички тензии и нетрпеливост. Таа е картата на која тие и другите опозициски партии ќе играат во периодот што следи, вели премиерот Христијан Мицкоски за предлог-законот за бранители поднесен во Собранието кој ја бранува јавноста.

Премиерот истакнува дека „тие не знаат како да ја кренат економијата, како да изградат или направат нешто добро, но со мајстори за создавање тензии“.

-Речица и „Бихаќска“ имаа седум години можност за овие теми. Не можат поинаку да мобилизираат луѓе. Од командати излегуваат милионери, исто како што од голтари, излегоа милионери, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при пуштањето во употреба на спортско рекреативниот центар „Бранители“ во Љуботенски пат во Општина Бутел.

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во Собранието поднесе Предлог-закон за бранителите со кој се предвидува зголемување на надоместокот по степен на попреченост од 1.200 евра како максимална месечна вредност, на 82 илјади евра доколку степенот на инвалидност е 100 проценти како еднократен надомест. Мнозинството пратеници гласаа „за“ потребата за носење на овој закон по скратена постапка.