Метју Ноулс како „Кралот Ричард“- ќе ја раскаже приказната како Бијонсе и Соланж станале суперѕвезди

Метју Ноулс, татко на Бијонсе и поранешен менаџер на Destiny’s Child, се подготвува за сопствената приказна како им помогнал на своите ќерки, Бијонсе и Соланж, да станат глобални суперѕвезди какви што се денес, поттикнат од екранизираната приказна за таткото и тренерот Ричард Вилијамс на ќерките Венус и Серена Вилијамс- „Кралот Ричард“ со Вил Смит во главната улога. Проектот е дел од широкиот договор со инвестицискиот фонд APX Capital Group.
Медиумскиот фонд ја купи Knowles’ Music World Entertainment Group и ќе го спои својот оддел за филм и ТВ во рамките на APX Capital Group. Ноулс ќе управува со овој нов оддел, кој ќе биде одговорен за фонд од 250 милиони евра (275 милиони американски долари) за филмски и ТВ копродукции меѓу САД и Италија.
Еден од првите проекти што треба да излезе од договорот е „Приказната на Метју Ноулс“. Како дел од договорот, компанијата ќе поседува 10.000 часа снимка што ја прикажува историјата на семејството Ноулс во музичката индустрија преку досега невидени слики, видеа и музика.
Ноулс рече дека партнерството означило „пресвртница“ за неговата компанија и кариера.