Метеорит падна во Далмација, се трага по него


 

Хрватската метеорска мрежа кон крајот на февруари годинава, снимила пад на метеор на подрачјето на Далмација, некаде зад Шибеник, пишува „Далмација данас“.

Тоа го снимиле четири камери дел од мрежата, а бидејќи се смета дека метеорот го преживеал падот низ атмосферата, се организира потрага по него.

Потрагат мора да биде брза, затоа што врз него големо влијание имаат атмосферските прилики, како влагата и дождовите. Најдобро е да се сочува во вакуум за да има што помали влијанија врз него.

Во однос на тоа каде точно паднал одредена е локација широка 150 метри и долга два километри. Пронаоѓањето на метеор секогаш е корисно, особено за науката. Достигнува и високи цена на пазарот но тие се од голема важност за астрономите. Така дознаваме повеќе за Сончевиот систем.