Меси беше заменет, па одби да се ракува со тренерот на ПСЖ, Нејмар не му дозволи да изведе пенал
Шест натпревари, шест победи со гол разлика 18: 6. На почетокот би се рекло дека атмосферата во клубот е идилична, но далеку од тоа …
Во шестото коло од Лига 1, ПСЖ го совлада Лион со 2: 1 и задржа 100 процентен учинок.
Парижаните очигледно не сакаат да препуштат ништо на случајот оваа сезона, откако Лил ги изненади минатата сезона и ја презеде титулата.
Шест натпревари, шест победи со гол разлика 18: 6. На почетокот би се рекло дека атмосферата во клубот е идилична, но далеку од тоа …
Синоќешниот триумф го одбележа Лионел Меси, но не со некој магичен потег од неговиот репертоар, туку во негативна смисла. Аргентинецот се најде на насловните страници поради две ситуации, од кои втората се издвојува, пренесува Дневник.хр.
Во 66. минута беше досуден пенал за ПСЖ. Меси сакаше да го изведе, но Нејмар, кој се избори за најстрогата казна, му рече дека нема шанси. Бразилецот беше прецизен од пенал, а Аргентинецот славеше за израмнувањето не премногу еуфорично.
Околу десет минути подоцна, се случи сцена што ќе се прераскажува. Тренерот на ПСЖ и сонародник на Меси, Маурисио Покетино одлучи да го замени Меси во 76. минута при резултат 1:1. Тоа е сосема нормална одлука на еден тренер, но Меси во Барселона имаше таков статус што го напушташе натпреварот само кога беше повреден или кога самиот ќе побараше такв нешто. Синоќа тоа не беше случај …
Наместо него влезе Ахраф Хакими кому му беше дадена шанса да ги промени работите, а Меси беше бесен на Покетино и не сакаше да се ракува со него кога го напушташе теренот …
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, ја објасни замената на напаѓачот Лионел Меси:
– Сите знаат дека имаме многу добри играчи. Мораме да направиме избор за составот пред да влеземе на теренот, а потоа и на натпреварот, размислувајќи што е најдобро за тимот и за секој играч. Понекогаш одлуките се позитивни, понекогаш не се. Но, затоа тренерот стои до клупата за да донесува одлуки. Можеби некому не му се допаѓаат одлуките. Го прашав како се чувствува. Тој рече дека се е во ред со него, нема проблеми, рече Покетино.
На крајот, ПСЖ го доби натпреварот со 2:1 со гол постигнат во судиското надополнување.