Меркел ги повикува Германците да се вакцинираат додека растат новите инфекции
Ангела Меркел ги повика Германците да се вакцинираат, додека во земјата секој ден растат случаите на корона вирус во земјата.
„Сите сакаме да ја вратиме нашата нормалност“, рече канцеларката, која се подготвува да се повлече подоцна оваа година. „Колку повеќе сме вакцинирани, толку послободни ќе бидеме“.
Таа рече дека порастот на случаите на Ковид во Германија е загрижувачки. Бројот се зголеми за 1.890 на 3.750.503 во четвртокот, според податоците на Институтот „Роберт Кох“ за заразни болести, а бројот на починати се зголеми за 42 на 91.458.