Меркел е презафатена за да мисли на животот после функцијата
„Има малку време и простор да се размислува за времето потоа“, рече Меркел на прашањето за нејзините планови по септември
БЕРЛИН – Ангела Меркел јасно стави до знаење во четвртокот дека ќе продолжи да работи на прашања како што се климатските промени до нејзиниот последен ден како канцелар, но, незабележлива како и секогаш, не ги откри своите планови што ќе прави откако ќе ја напушти функцијата по изборите на 26 септември.
Меркел е на чело на Германија 16 години, водејќи ја најголемата европска економија низ светска финансиска криза, должничка криза во еврозоната, мигрантска криза и пандемија на корона вирусо, но таа не се кандидираше за петти мандат.
„Секоја недела има предизвици. Погледнете ги настаните со кои се соочуваме – зголемени случаи на корона вирусот, страшни поплави. Не можете да кажете дека нема прашања што не треба да се решат“, рече Меркел на нејзината последна годишна летна прес-конференција.
„Постојат барања од мене додека сум на функција и ќе продолжам на тој начин до мојот последен ден“, рече конзервативната канцеларка, позната по нејзиниот трезвен пристап.
67-годишната физичарка, која порасна во комунистичка источна Германија, рече дека не размислувала многу за тоа што би правела кога ќе се повлече.
„Има малку време и простор да се размислува за времето потоа“, рече таа на прашањето за нејзините планови.
Во последните неколку недели, таа презеде нешто како проштална турнеја, посетувајќи ги САД и Велика Британија.
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Сепак, во самоуверено појавување во кое се насмевна и даде неколку иронични коментари, Меркел навести дека сѐ уште може да има улога во плановите на Европската унија за заштита на климата.
Велејќи дека тешки преговори за ова би можеле да започнат додека се формира новата германска влада, таа рече: „Ние сакаме да се осигураме дека имаме добро предавање“, додавајќи дека можеби ќе започне.
Наречена „канцеларка на климата“ во 2007 година за поддршка на проблемот со лидерите на Групата осум и за протуркување на преминот кон обновлива енергија во Германија, Меркел призна дека темпото на промените било премногу бавно.
„Мислам дека потрошив многу енергија на заштита на климата“, рече Меркел.
„Сепак, јас сум доволно опремена со научен ум за да видам дека објективните околности покажуваат дека не можеме да продолжиме со ова темпо, но дека мора да се движиме побрзо“.
Како прва канцеларка во Германија, Меркел се мачеше да не се претстави како силна феминистка. Прашана за карактеристиките на жените во политиката, таа упати типично самоомаложувачка нота.
„Има желба кај жените да имаат ефикасност“, рече таа, додавајќи дека има и исклучоци. Таа рече дека другите жени направиле повеќе за еднаквоста отколку што таа сторила, но дека постигнала нешто.
Меркел, жена лутеранка во традиционално католичка партија во која доминира мажот, беше запрепастена кога ја прашаа каде ќе биде изборната вечер и беше фатена неподготвена велејќи дека не размислувала за тоа, но дека ќе биде во контакт со нејзината партија.
Таа не искажа никакви емоции за претстојното заминување, само забележувајќи: „Обично го забележувате она што го пропуштате откако веќе го немате“. (Ројтерс)