Мерил Стрип ќе и ја врачи наградата на Амал Клуни за слобода во новинарството


САД– Адвокатката за човекови права и сопруга на Оскаровецот Џорџ Клуни, Амал Клуни (42) е годинешна добитничка на престижната  меѓународна награда за слобода во новинарството . Со наградата која го носи името на американската новинарка Гвен Ифил им се оддава голема почест на бранителите на прогонетите новинари.

Тројната добитничка на Оскар, Мерил Стрип (71) ќе ѝ ја дели наградата на  19 ноември. Меѓу наградените годинава се и новинари од Бангладеш, Иран, Нигерија и Русија кои се соочија со апсење или гонење за нивната работа.

Стрип ќе ја истакне работата на Клуни како бранителна многу новинари под закана. Нејзини клиенти биле и Џулијан Асанж, Јулија Тимошенко и Надја Мурад.

„Во време на невидена неизвесност, новинарите се тие што се таму, ги собираат фактите и се обидуваат да ни помогнат да го разбереме сето тоа“, рече Стрип. „Поставувајќи тешки прашања и по секоја цена следејќи ја вистината, тие се суштински работници – служат на јавноста и ја штитат демократијата“.

Исто така, Клуни ќе го интервјуира репортерот и наградената за Гвен Ифил, Марија Реса, за 2018 година. Амал претходно ја бранеше Реса кога беше прогонувана во нејзината матична земја Филипини за известување за корупција во владата.

Домаќин на доделувањето на наградите ќе биде водителот на NBC Nightly News, Лестер Холт. Heму ќе му се придружат уште неколку познати новинари како Кристијан Аманпур, Маргарет Бренан, Дејвид Муир, Јамиче Алсиндор и други.

Розамунд Пајк, Саманта Би и новинарот Ронан Фароу ќе бидат вклучени во повиците за поддршка на слободата на печатот.