Мелони категорична: Центрите за мигранти во Албанија ќе функционираат


Џорџа Мелони

 Центрите за мигранти во Албанија ќе функционираат, дури и да морам да поминам секоја ноќ таму до крајот на мандатот на италијанската влада, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

– Тоа затоа што сакам да се борам против мафијата и ја молам целата италијанска држава, почитуваниот народ, да ми помогнат во борбата против мафијата. Јас не сум непријател, јас сум вистинската личност, рекла премиерката, јави АТА повикувајќи се на АНСА.

Главната работа, додала, е да се спречат ризиците, бидејќи “нашиот договор со Албанија е она што најмногу ги плаши шверцерите со луѓе“.

– Стабилноста на оваа влада се базира на компактноста на нејзиното мнозинство и е најголемиот елемент на сила во сегашната ситуација; стабилноста го гарантира меѓународниот кредибилитет и 
авторитет без кој не е можно да се произведе благосостојба.
Им благодарам на сојузниците со кои се надевам дека ќе соработувам во годините што доаѓаат, рекла Мелони.

Деновиве поранешниот италијански премиер, Матео Ренци, остро ја критикуваше Мелони, дека потрошила милијарда евра за формирање центри за мигранти во Албанија, што „никогаш нема да профункционираат”. 

Затоа, тој предлага, тие да се трансформираат во затвори, каде ќе бидат трансферирани две илјади албански осуденици од италијанските затвори, со што според него, „ќе се заокружи неуспехот на Мелони“.