Мелони: Италија е посветена на планот за депортација на илегални мигранти во Албанија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе го продолжи планот на Владата во Рим за депортација на илегални мигранти во центрите во Албанија, која ја спречија италијанските судии.
„Се надевам дека Европскиот суд ќе го спречи ризикот од загрозување на политиката за репатријација не само на Италија, туку и на сите земји-членки на ЕУ“, рече Мелони на прес-конференција.
Таа нагласи дека нејзината влада е посветена на изнаоѓање решенија за секоја пречка и дека италијанските граѓани бараат да се регулира бројот на нелегални влегувања во земјата.