Меѓуресорска работна група во Владата ќе ги разгледува податоците за финансирањето на брзата пруга


На вчерашната затворена седница на Владата е разгледана информација во однос на доставените податоци од страна на меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга и е донесен заклучок да се формира Меѓуресорска работна група во рамки на Владата, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

На барањето доставено од Министерството за финансии одговорија 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка,  јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете женерал, Дојче банка, ЏП Морган, Сити банк, Уни кредит, Каргил и НЛБ и Рајфајзен банка.

Содржината на документацијата која што беше доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки е со нaзнака доверлива (confidential), наведуваат од МФ.