Медведев-Алкараз и Ѓоковиќ-Музети денес на Вимблдон


Лондон– Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес на Централниот терен против Италијанецот Лоренцо Музети во полуфиналето на Вимблдон ќе го одигра вториот последователен меч, соопштија денеска организаторите на натпреварувањето.

Програмата на Централниот терен започнува во 14 часот и 30 минути, кога во првото полуфинале ќе се сретнат бранителот на титулата Карлос Алкараз од Шпанија и Данил Медведев од Русија. По тој меч на терен ќе излезат Ѓоковиќ и Музети, а нивниот дуел треба да започне околу 17 часот и 30 минути.

Ѓоковиќ е вториот тенисер во светот, додека Музети е 25-ти играч на АТП листата.

Српскиот тенисер победи во пет од шест меѓусебни дуели, во нивниот последен меч во третото коло на Ролан Гарос подобар беше Ѓоковиќ со резултат 7:5, 6:7 (6:8), 2:6, 6. :3, 6:0.