Медиумите полудеа во Кан: Бред Пит и Леонардо Дикаприо во елегантни костуми


Франција– Главните ѕвезди на еден од најочекуваните филмови годинава – „Once Upon a Time in Hollywood“ на режисерот Квентин Тарантино, прошетаа на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал. Медиумите полудеа по Бред Пит (55) и Леонардо Дикаприо (44) кои во филмот играат двајца актери кои упорно си ја бараат среќата во Холивуд.

Ѕвездите изгледаат како дел од „хипи Холивуд“ периодот кој се случуваше во Холивуд во времето кое го обработува „Once Upon a Time in Hollywood“. И двајцата актери се облечени во облека која би ја носеле ѕвезди од овој период на Холивуд, како Барт Рејнолдс и Роберт Редфорд.

Леонардо Дикаприо ќе се појави во улогата на Рик Далтон, поранешна ѕвезда на вестерн ТВ серија, додека Бред Пит е неговиот каскадер и дублер, Клиф Бут.

Ако не приказната, тогаш импресивната актерска екипа со сигурност ќе ве натера да го погледнете „Once Upon a Time in Hollywood“. Покрај Пит и Дикаприо, во филмот се појавува заносно убавата Марго Роби (28), потоа Курт Расел, Ал Пачино и многу други.

Премиерата на „Once Upon a Time in Hollywood“ е закажана за 26 јули.