Мечка гризна жена додека користела полски тоалет на Алјаска
На Алјаска се појави црна мечка која нападна ѓена на езерото Чилкат додека користела полски тоалет.
Таа се здобила со рана од гризење и огреботини од канџи, пренесе Би-би-си.
Биологот од АЛјаска, Карл Кох, претпоставува дека се работи за црна мечка врз основа на фотографиите од траги кои ги видел и сведочењето на други луше кои живеат во непосредна близина и кои пратиле фотографии од мечката на својот имот претходните денови.
„Шерон Стивенс е единствена на светот на која ова ѝ се случило“, вели Кох.
Се наведува дека Шерон Стивенс изјавила дека скокнала и вреснала откако сетила дека мечката ја гризнала додека го користела тоалетот, а откако го чул вресокот, нејзиниот брат отишол да види што се случува, па ја видел главата на мечката.
Овој викенд таа била на езерото со братот Ерик и со нејговата девојка кога се случил инцидентот.
Следното утро пронашле траги од мечката по целата околина.