Маж од Вирџинија со супер-антитела кои го неутрализираат коронавирусот


Менаџерот за комуникации од Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфекс, Вирџинија, 54-годишниот Јохан Холис во јули сфатил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чија крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се заразат.

Тој бил многу изненаден кога дознал дека го победил ковидот, без да знае дека опасниот вирус влегол во неговиот организам.

– Крвта на Холис е полна со таканаречени супер-антитела кои го неутрализираат ковидот, дури и кога крвта е разредена 10.000 пати, изјави патологот од универзитетот Џорџ Мејсон, Ленс Лиота, пренесе Ен-Би-Си.