Матичните доктори штрајкуваат поради промените во „Мој термин“


Фото: Б. Грданоски

Матичните доктори ќе прекинат со работа од 11 до 12 часот, во знак на предупредување, по воведените новини во системот „Мој термин“. Според тврдењето на претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, тие не можат да издадат терапија и да направат прегледи на пациенти, доколку не се изврши автентикација на мобилниот телефон.

Тоа би значело дека кога пациентот ќе дојде за преглед и терапија, докторот или сестрата треба да го праша за телефонскиот број, па потоа да го внесе во системот, па да почека да добие повратен код за да го внесе во системот. Така, системот го препознава телефонскиот број како валиден.

Според Дервишова, тие не биле известени за вакви измени во системот, а тој, требало да стапи во сила од 3 март. Сега, бил во фаза на проверки за неговата функционалност.

Матичните доктори бараат да не се применува системот. Имаат свои причини. Сметаат дека пациентите често менуваат телефони, некои немаат телефонски број. Па Девишова прашува: „Зар на тие пациенти да не им дадеме терапија оти не е извршена верификација?“.

Засега се немаат огласено од Минситерството за здравство.