Мартин од „Некст тајм“ се венча со ракометарката Белеска


Мартин Филиповски од патриотското музичко дуо „Некст тајм“ и неговата избраничката Андреа Белеска, ракометарка од Кичево , викендов се венчаа во Кичево, а на церемонијата присуствуваа само нивните најблиски роднини и пријатели.

Свадбената прослава е закажана за 24 јуни во Скопје, а на неа се очекуваат над 100 гости.

Мартин ја побара за жена Андреа на неговиот роденден на 20 септември минатата година.

Ракометарката Белеска е родум од Кичево, беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден. Минатата сезона играше за грчкиот ПАОК од Солун.

Стефан и Мартин последниве години промовираа преработки на стари македонски песни – „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка Кумановска“, „Кога падна на Пирина“…

Дуото ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 во МоскваРусија.