Марк Ентони го доби седмото дете со 31 година помладата мис


Глобалната музичка ѕвезда и поранешен сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони, заедно со неговата нова сопруга Надија Фереира, поранешна мис Универзум на Парагвај  за 2022 и прва придружничка на мис Универзум во 2021 година, го добија своето прво дете, а среќната вест ја споделија на социјалната мрежа Инстаграм. Иако не го открија полот на бебето, убави желби и честитки се слеваат во коментарите под фотографијата.

На Денот на вљубените ја објавија среќната вест дека го очекуваат своето прво заедничко дете, односно седмото дете на Ентони. Марк, кој има 54 години, и неговата четврта сопруга, 23-годишната Надија, уживаат во својата љубов, а последните денови од бременоста ги поминала заедно со семејството на скапа јахта, позирајќи со стомакот.

Двојката ја објави својата свршувачка во мај 2022 година.Ентони од претходните три брака со Џенифер Лопез, Дајана Торез и Шанон де Лима има шест деца. Ова е прв брак за Фереира.