Маријан Фејтфул, музата на Мик Џегер, е позитивна на корона вирус
Пејачката Маријан Фејтфул (73) е хоспитализирана откако тестот покажал дека е позитивна на коронавирусот, соопштија нејзините претставници.
Пејачката на „Sister Morphine” е на лекување во лондонската болница.
„Таа е стабилна и одговара на третманот, сите ѝ посакуваме добро и целосно и брзо закрепнување“ изјави менаџерот.

Според Билборд, Фејтфул ја сними нејзината прва песна „As Tears Go By” која ја напишаа Мик Џегер и Кит Ричардс од „Ролингстоунс“.
Англиската пејачка номинирана за Греми, има историја на здравствени проблеми, вклучувајќи рак на дојка и хепатитис Ц.
Таа во 70-тите живееше хедонистички времиња, имаше бурна романса со Мик Џегер и го инспирираше за некои од неговите најголеми песни.