Марија Реса – нобеловка на која ѝ се заканува затвор од 6 години
Марија реса од Филипините и Дмитриј Муратов од Русија денеска ја добија Нобеловата награда за мир за напорите вложени да обезбедат слобода на изразување, која е предуслов за демократија и траен мир.
„Бес слобода на говорот и новинарство би било тешко да се промовира соработка меѓу нациите“, наведоа од одборот.
Која е Марија реса?
Марија реса е една од најценетите новинарки на Филипините. Таа две децении работи како истражувачки репортер, странски дописник и шефица на бирото за Си-ен-ен во Манила и во Џакарта. Потоа била на чело на одделението за вести на најголемиот филипински ТВ канал ABS-CBN. Во 2012 година, таа и три нејзини колешки ја формираа „Раплер“, информативна интернет платформа, каде работеа само 12 млади репортери и програмери. Тоа беше прв портал од тој вид на Филипините. Иако во почетокот, се сметаше дека е наменет за млада публика, благодарение на социјалните мрежи, стана четврта најголема веб-стааница на Филипините со повеќе од 100 новинари. „Раплер3 функционира како контролор на факти на фејсбук на Филипините во борбата против лажните вести.
Марија реша поради својата медиумска платформа доби многубројни престижни новинарски награди.
Што беше причина да го привлече вниманието на Ридриго Дутерте?
реса и Дутерте се вкрстуваат повеќе од 30 години. Прв пат го интервјуирала во 1980 година, кога бил градоначалник на Давао. Потоа во 2015 година во текот на неговата предизборна кампања, водела интервју со него во кое тој признава убиство на тројца. . Но, по изборот на Дутерте во 2016 година, кога „Раплер“ почна да ја расветлува неговата „војска тролови“ на мрежата која исфрлаше лажни вести и манипулираше со нацијата, организацијата почна да чувствува притисок од управата. Нејзината мрежа почна критички да известува за убиства, кршење на човекови права и брзорастечки број на жртви во бруталната воја на Дутерте против дргогата со приказни кои покажуваат злоупотреба што ја правела полицијата со негово одобрение.
„Раплер“ и неговите новинари се соочија со најмалку 11 владини истраги и судски премдети. Тоа вклучува кривично гонење за клевета, два кривични предмети во кои се сомневаат дека има странско сопствеништво во нејзините компании и истраги на нејзините даночни пријави.
Реса и нејзиниот колега Рејналдо Сантос прогласени се виновни во случајот за „сајберклевета“ кој се однесува на приказна објавена во 2012 година за филипинскиот бизнисмен Вилфред Д. Кенга и неговата сомнителна поврзаност со врховен судија. Кенг првобитно поднесе тужба во 2017 година барајќи отштета за клевета и таа во прв момент беше одбиена.
Но, Министерството за правда подовцна допушти судењето да продолжи, со што се продолжи и периодот за одговорност за такви случаи од една на 12 години.
Реса и нејзиниот правен советник истакнуваат дке аконтроверзниот закон за „сајберклевета“ не постоел во времето на објавувањето, туку е донесен четири месеци по пишувањето ан приказната. Министерството за правда пак, тврди дека случајот може да продолжи затоа што прилогот е ажуриран во февруари 2014 година за да се поправи правописна грешка.
На Марија Реса и понатаму ѝ се суди и доколку го изгуби спорот ѝ се заканува казна од шест години затвор.