Марго Роби со магичен фустан на Версаче на премиерата на „Вавилон“ во Сиднеј


Австралија– Како божица! Марго Роби беше визија во Версаче на премиерата на Вавилон во нејзината родна Австралија. За настанот на црвениот тепих во Сиднеј ги заслепуваше фотографите во корсет фустан со бебешко сина нијанса од италијанската модна куќа. Тоалетата имаше сатенска силуета која го обвиткуваше нешно телото и вкрстени ремени кои беа украсени со легендарниот симбол на куќата- Медузата. Од здолништето околу шлицот с епојавуваше црвена тантела.  Версаче првпат дебитираше со верзија на фустанот на пистата во 1995 година.

Ѕвездата на Барби – која беше облечена од нејзината долгогодишна стилистка, Кејт Јанг – го комплетираше изгледот со сандали и брановидна фризура.

Роби си поигруваше со смели бои и забавни силуети во текот на премиерата на Вавилон низ Европа и на гала филмските награди . За лондонската премиера на филмот во четврток, 12 јануари, оскаровката избра кралски изглед во црвена тоалета од Валентино. 

На доделувањето на наградите Златен глобус за 2023 година во вторник, 10 јануари, таа избра чуден розов фустан од Шанел кој се шиел неверојатни 750 часа.

Таа вечер, Роби беше кандидат за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината изведба во Вавилон, но таа загуби од Мишел Јео од Сè насекаде. Во филмот, кој се појави во кината на 15 декември 2022 година, Роби ја глуми Нели Ларој – актерка во подем. Филмот го прикажува животот на Ларој и другите амбициозни сонувачи во Холивуд во текот на 1920-тите. Меѓу другите улоги се Бред Пит, Тоби Мегваер, Оливија Вајлд и Макс Мингела. 

Филмот „Вавилон“ од утре (19 јануари)  ја има македонската премеира во „Синеплекс“.