Марго Роби пак импресионираше со корсет-фустанот, ама еден детаљ го привлече вниманието
Лондон – Марго Роби се појави на лондонската премиера на „Оркански височини“ во изглед кој привлече големо внимание. Актерката носеше реплика на нараквица направена од косата на познатата писателка Емили Бронте, а овој необичен моден детаљ го комбинираше со проѕирен фустан од корсет.

Повторно импресионираше
По серија смели „историски“ стилови за време на промотивната турнеја, Роби овој пат успеа да ги надмине очекувањата. Актерката, која ја игра Кетрин Ерншо во новата адаптација, за лондонската премиера избра смел проѕирен фустан од лондонската дизајнерка Дилара Финдиколу. Креацијата беше изградена околу корсет во викторијански стил, а привлече дополнително внимание поради зелените детали направени од – исплетена коса.
Роби, исто така, откри дека носела реплика на нараквицата на Шарлот Бронте, за која се верува дека е направена од косата на нејзините сестри, Емили и Ен. Ова парче накит послужи како инспирација за необичните елементи на фустанот, што му даде на целиот стил дополнителна симболика поврзана со наследството на познатото книжевно семејство.
Актерката претходно покажа дека ја следи работата на Финдикоглу – таа ги носеше нејзините парчиња и за време на промоцијата на филмот Барби 2023, кога нејзините модни избори редовно ги исполнуваа насловните страници.
Хемија за која сите коментираат
Покрај модата, премиерата го претстави и она што публиката го забележуваше со недели на промотивната турнеја – хемијата помеѓу Марго Роби и Џејкоб Елорди. Нивната интимна, опуштена врска пред камерите предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а некои обожаватели почнаа да шпекулираат дали актерската двојка користи „PR прирачник“.
Некои дури ги споредија со промотивната стратегија што Сидни Свини и Глен Пауел ја имаа во 2023 година за филмот Само ти, кога гласините за „романса“ беа дел од медиумската врева околу филмот.
„Заемна опсесија“ на снимањето
Дополнително внимание неодамна привлече самиот Елорди, кој во едно интервју изјави дека тој и Роби развиле „заемна опсесија“ за време на снимањето. Во разговор со Фанданго, додека Роби седеше до него, тој рече дека на снимањето се обидувал никогаш да не биде подалеку од десет метри од неа.
„Ако имате можност да бидете на снимање со Марго Роби, секогаш внимавате да бидете оддалечени пет до десет метри од неа“, рече тој. „Ја гледате како пие чај, како јаде. Се прашувате кога ќе се фотографира? Но, таа никогаш не се фотографира.“
Елорди се појави на лондонската премиера во елегантен темнозелен костум, а фотографите исто така фатија и еден „џентлменски“ момент: ја заштити Роби од дождот додека таа позираше за фотографите.
