Марго Роби на Мет Гала блескаше во истиот фустан „Шанел“ на Синди Крафорд од 1993 година 


Њујорк- Мет Гала им оддаде почит на две легендарни модни икони.

Марго Роби (32) ѕвездата на „Барби“, која важи за една од најубавите во Холивуд,  прошета на црвениот килим на Мет гала облечена во црна тоалета на „Шанел“ дизајнирана со проѕирен корсет, стил кој претходно го носеше легендарниот супермодел Синди Крафорд.

Марго Роби, Шанел

„Јас го носам ‘Шанел‚, овој фустан го носеше Синди Крафорд во 1993 година. Ми го преправија и очигледно е дизајн на Карл. Во него се чувствувам навистина одлично“, изјави таа за „Вог“ за тоалетата која беше дел од колекцијата пролет/лето пред 30 години.

Таа, исто така, се отвори за славењето на ноќната тема „Карл Лагерфелд: Линија на убавина“, посветена на покојниот германски моден дизајнер кој раководеше со „Шанел“ со децении.

„Имав голема привилегија да го запознаам Карл до одреден степен“, рече таа. „Јас бев последниот амбасадор на ‘Шанел’ што тој го избра, всушност. Тоа е чест. Возбудена сум што вечерва му оддаваат почит затоа што беше исклучителен“.