Марго Роби и Емили Блант (пак) со сличен изглед на црвениот килим


Марго Роби и Емили Блант пак воодушевија на црвениот килим, со речиси идентичен изглед.

Актерката и продуцент на Барби (33) и ѕвездата на Опенхајмер (40) се појавија со црвени тоалети, овој пат на доделувањето на наградите по избор на критичарите  Critics Choice Awards во неделата навечер.

Роби избра црвена тоалета  Balmain со ружи како украс и со накит од речиси 100 карати дијаманти на Lorraine Schwartz, вклучително и обетки и прстен.

Блан носеше тоалета на Џорџо Армани Приве извезена со црвени светки и кристали, со едно голо рамо и со каскадни ружи надолу.

Двете ѕвезди претходно носеа речиси идентичен изглед на 12 јануари на доделувањето на Governors Awards, во црно, со дијаманте детали .