Марго Роби го покори Париз во „Шанел“ и со скапоцен дијамант


Париз – Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжија со мода инспирирана од викторијанскиот период на париската етапа од нивната промотивна турнеја за „Wuthering Heights“. По светската премиера на филмот во Лос Анџелес, австралиските актери го донесоа својот современ стил и готска романса на специјална проекција во Париз.

Двојката се најновите ѕвезди што ги играат Кетрин Ерншо и Хитклиф во филмската адаптација на класичниот роман на Емили Бронте од 1847 година.

Марго пристигна на црвениот тепих во понеделник во класичен балски фустан, луксузен модел во бордо боја со тенки прерамки и длабоко деколте, чиј долен дел беше драматично искомбиниран со бел материјал. Марго донесе и подеднакво импресивен накит. Околу вратот на една од најубавите актерки на планетата, блескаше чокер од куќата за накит Лорејн Шварц, направен од црвен плишан материјал во нијанса на фустанот, со скапоцен дијамант во средината. Станува збор за масивен дијамант со боја на шампањ, со тежина од дури 85 карати, кој модните портали го опишуваат како гол дијамант, поради неговата топла, неутрална боја. Опкружен е со прстен од мали дијаманти, а под него виси уште еден голем дијамант во облик на солза.

Нејзиниот колега Џејкоб Елорди изгледаше елегантно во целосно црна комбинација, со кошула со копчиња и костум на кој му дадоа модерен допир очила за сонце.

На црвениот тепих на актерите им се придружија режисерката Емералд Фенел, која соработуваше со Елорди на филмот „Солтберн“, и британскиот актер Шазад Латиф, кој го игра Едгар Линтон во филмот. 

Методично облекување од Марго Роби
Откако ја одбележа промотивната кампања за филмот „Барби“ во 2023 година со розови комбинации, Марго Роби ја усоврши уметноста на методично облекување. Актерката се држи до темата за нејзината турнеја „Оркански висови“, оживувајќи ја готската атмосфера на филмот преку нејзините модни избори инспирирани од викторијанското време , кои вклучуваат чипка, скулпторски фустани и гламурозен накит.

На светската премиера во Калифорнија, таа носеше фустан од Скијапарели изработен по нарачка со корсет од чипка и драматична црно-црвена здолниште. Изгледот го комплетираше со ѓердан од Таџ Махал на Картие, на кој се наоѓа иконскиот дијамант во облик на срце што некогаш ѝ припаѓал на актерката Елизабет Тејлор.