Марго Роби е најубавата „Барби“ – објавен тизерот за најочекуваниот филм
Барби, најпродаваната кукла и омилената детска играчка на милиони девојчиња ширум светот, наскоро ќе ја видиме на големото филмско платно.
Продукциската компанија „Ворнер брос“, во соработка со компанијата „Мател“, го претстави тизерот за претстојната романтична комедија „Barbie“, во која куклата Барби ќе го напушти нејзиниот совршен куклен универзум и ќе се обиде да се вклопи во светот на луѓето.
Режисерката Гервиг сподели дека биле „преплашена“ од предизвикот да сними филм за легендарните кукли.
Покрај трејлерот, вчера беа објавени и филмските постери со кои беа претставени и останатите имиња од актерската екипа. Меѓу нив се најдоа Вил Фарел, Америка Ферера, Дуа Липа, Симу Лиу, Кејт Мекинон, Иса Реј, Мајкл Сера, Кингсли Бен-Адир, Никола Кофлан, Емералд Фенел и други.
Улогата на Барби претходно ја одбија актерките Ејми Шумер и Ен Хатавеј , а Роби, една од најубавите актерки во Холивуд, ќе биде досега најмладата и најслична на куклата, Барби.
Славната кукла Барби годинава полни 64 години и не се предава, бидејќи годишно од неа се продаваат по 58 милиони куклу во повеќе од 150 земји.
Русокоса или бринета, со исправена или со навиткана коса, со бел или со црномурест тен, принцеза или претседателка, Барби отсекогаш е омилена играчка на малите девојчиња.
-Во индустријата за играчки, каде успехот трае од три до пет години, 64 години е голема работа, изјави директорот на глобалниот бренд „Барби“.
Барби своето деби го имаше на американскиот саем за играчки во Њујорк на 9 март 1959 година, каде се појави првпат. Од тогаш се продадени повеќе од милијада вакви кукли ширум светот.