Маргаритас Шинас: Никој не моќе да ја уценува ЕУ, па ниту компанија за лекови
Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритас Шинас изјави дека никој, па дури ниту една компанија, не може да ја „уценува или исплаши Европа (ЕУ) поради вакцините“, по повод одложувањето на испораката на вакцините од британско-шведската компанија „АстраЗенека“.
Во интервју за кипарскиот „Катимерини“, тој оцени дека не може да се прифати тоа што таа компанија „наместо да се фокусира на исполнување на своите обврски“, на медиумите им соопштува дека не може да го исполни договорот.
Шинас жестоко ја брани стратегијата на ЕУ за прашањето на вакцините и додаде дека без заедничка стратегија, трошоците на земјите што не се членки за набавка на вакцини ќе бидат неиздржливи.
Тој додаде дека тогаш големите земји ќе земат вакцини од пазар до кој немаат пристап средните и малите држави.