Мапата „астриаграф“ следи 200 „темпирани бомби“ во вселената
Илјадници објекти направени од луѓето, а од кои повеќето одамна немаат никаква функција, се наоѓаат во орбитата на Земјата.
Бескорисните објекти, односно вселенскиот отпад, претставува опасност за функционалните сателити кои се користат за услуги како Џи-пи-е и временска прогноза, затоа што постои можност од судар.
За да се следат и да се предвиди нивното однесување, професорот Мориба Јах и неговите колеги направиле „астраграф“, мапа која речиси во реално време прикажува каде се наоѓа секој од објектите во вселената.
Јах откри дека системот во моментот следи околу 200 големи ракетни тела кои ви можеле да се распаднат на илјадници делови и се сметаат за „темпирани бомби“.
Инаку, научниците следат повеќе од 26.000 индивидуални објекти, а нивната големина е различна.
ОКолу 3.500 објекти кои се следат, всушност се функционални, додека останатите се вселенски отпад. Количината на вселенски отпад се зголемува на секои 50 години од минатиот век наваму.