Мантрата „престани или исчезни“ во борбата против пушењето одамна е застарена

Истражувањата покажаа дека производите без чад помагаат да се намалат здравствените ризици поврзани со пушењето цигари, како што се срцевите и респираторни заболувања.
Во последниве години, возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од тутунот и никотинот, но сакаат да ги намалат штетните ефекти од пушењето цигари, имаат достапни производи без чад, како што се вејпови, уреди што го загреваат тутунот и никотински вреќички, кои ја намалуваат изложеноста на штетните материи од чадот од тутунот до 95%. Затоа мантрата „престани или исчезни“ во борбата против пушењето повеќе не е актуелна.
Истражувањата покажале дека овие производи помагаат во намалувањето на здравствените ризици поврзани со пушењето цигари, како што се срцевите и респираторни заболувања. Иако никотинот предизвикува зависност, чадот од согорувањето останува главен фактор за здравствените ризици.
Во тој контекст, се поголем број стручни здруженија, како што е Шпанското здружение за хипертензија и васкуларен ризик SEHLELHA, заземаат поддржувачки став кон производите без чад како опција за возрасни пушачи и средство за помагање да се откажат од пушењето. Тие, исто така, се против пристапот на владата за изедначување на алтернативите без чад со традиционалните цигари, тврдејќи дека меѓу нив постои значителна разлика во ризикот.
Хавиер Нието, шеф на одделот за хипертензија во Универзитетската болница „ Ciudad Real“, истакнал дека „традиционалните политики не успеале да го намалат бројот на пушачи, затоа пристапот мора да се смени и да се фокусира на политиките за намалување на ризикот, наместо да се фокусира само на бројот на пушачи“.
„Целта треба да биде користење на сите достапни ресурси за да се спречат возрасните пушачи да пушат цигари, помагајќи им целосно да се откажат од цигарите, а доколку некои продолжат да пушат, здравствените ризици треба да се намалат со преминување на производи без чад, како помалку ризична алтернатива.
Некои земји исто така презеле конкретни чекори за да поттикнат користење на овие иновативни алтернативи. На пример, Шведска успеала да ја намали инциденцата на рак на белите дробови и срцеви заболувања преку зголемување на свеста за користење на орални никотински производи, правејќи ја глобален пример во борбата против пушењето. Шведска, исто така, стана првата земја без чад, со стапка на пушење од само 4,5%.
Според дефиницијата на Светската здравствена организација, една земја е официјално земја без чад кога стапката на пушење меѓу населението е под 5%. Во Соединетите Американски Држави, Американската агенција за храна и лекови (FDA) уште во 2020 година, донела одлука дека уредот што загрева тутун, конкретно IQOS, производот на компанијата Philip Morris, може да се класифицира во категоријата „производи од тутун со модифициран ризик“ (MRTP), како и дека информирањето на потрошувачите дека изложеноста на штетни материи при користењето на овој уред е во согласност со промоцијата на јавното здравје.
Овој систем за загревање на тутун е прв и единствен електронски производ што користи никотин и е класифициран од FDA како „производ со модифициран ризик“. Во овој контекст, експертите повикаа на зголемена свест за алтернативите без чад, како кај возрасните, така и кај младите пушачи, истовремено предупредувајќи на опасностите од неселективната употреба на овие производи. Тие ја истакнаа важноста од поставување строги стандарди за да се обезбеди квалитет на производите достапни на пазарот и да се спречи циркулацијата на несигурни видови.
Иако целосното откажување од пушењето останува најдобрата опција, преминувањето на алтернативни производи е важен чекор кон намалување на здравствените ризици и подобрување на јавното здравје на долг рок.
(Комерцијален текст)