Мала италијанска свадба: Се омажи Ања Тејлор Џој, актерка и модна икона

Венеција- Актерката и модна Ања Тејлор Џој, ѕвездата на серијата „The Queen’s Gambit“, се венча за музичарот Малколм Мек Реј на церемонија одржана изминатиот викенд во Венеција, местото кое за своја венчавка го избрале и Џорџ и Амал Клуни, но и Ана и Бастијан Швајнштајгер.
27-годишната актерка се венчала пред 150 гости, меѓу кои биле и Кара Делевињ и Џулија Гарнер, а како што тоа вообичаено изгледа кога станува збор за фантастичниот моден избор, ништо не било претерано конвенционално.
Anya Taylor and Malcolm McRae are married https://t.co/Y0l7rhFCG0 pic.twitter.com/OoYwJABuso
— Daily Mail US (@DailyMail) October 2, 2023
Младиот пар во врска е од мај 2021 година, а главно функционираат на релација Лондон-САД, со оглед на тоа што досега живееле во различни градови поради работни ангажмани.
Поради тоа што Ања важи за една од најдобро облечените актерки во Холивуд, многумина чекале да видат каква ќе биде нејзината венчаница за овој посебен ден, па очигледно е дека таа не ги разочарала со изборот.
Ања не сакала да носи класична бела венчаница, таа избрала фустан во беж боја, а кројот го краселе романтично извезени детали како и мотиви со птици и свеќи, а актерката носела и бел вел.