Мал авион се урна во куќа во Германија. Пилотот и уште едно лице загинаа

Утрово, се случи авионска несреќа во градот Коршенбројх во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, објавува Феникс. Мал авион се урна во станбена зграда.
Според првичните информации, авионот паднал во дворот на куќата и ја оштетил фасадата, предизвикувајќи пожар и значителна штета на зградата.
Пилотот пријавил проблем со моторот
Според информациите од Билд, пилотот починал. Уште едно лице загинало во несреќата. Пилотот на авионот пријавил проблем со моторот пред несреќата, пишува Билд, а авионот требало да слета на аеродромот Менхенгладбах.
Не е познато точно што ја предизвикало несреќата, но несреќата се случила кратко откако биле пријавени технички проблеми.
На местото на настанот интервенирале бројни служби за итни случаи, пожарникари, полиција и брза помош. Пожарот се проширил на соседната работилница, која исто така изгорела. Истрагата е во тек.