Мал авион се судри со друг авион во Русија, загинаа тројца
Лесен авион кој денеска падна во Ленинградсаката област во Русија се судрил пред несреќата со друг авион, при што три лица загинале, пренесува ТАСС.
Според прелиминарните податоци, лесниот авион без патници се судрил со друг друг лесен авион, во кој покрај пилотите биле двајца патници, рекол извор за канцеларијата на обинителот.
Првиот авион слетал со помали оштетувања, а пилотот не е повреден, но сите три лица од вториот авион починале, потврдено е од канцеларијата на обвинителството, а истата информацијата ја потврдил и изворот од службата за вонредни ситуации.
Руското министерство за вонредни ситуации претходно соопштило дека еден лесен авион паднал во Ленинградската област при полетувањето на аеродромот Гостилитс денеска попладне и дека е пријавена штетата.