„Максим“: Оливија Кулпо е најсекси жена за 2019
САД- Машкиот магазин „Максим“ ја прогласи манекенката и мис Оливија Кулпо (27) за најсекси жена на светот.
На традиционалниот годишен избор, Кулпо ја симна од тронот ланската победничка, моделот Кејт Аптон.
Претходни победнички на изборот беа и Хејли Болдвин, Стела Максвел, Тејлор Свифт, Џесика Алба, Кети Пери, Мајли Сајрус, Линдзи Лохан, Џенифер Гарнер…
Кулпо како убавица планетарно се прослави во 2012 година кога победи на изборот за мис Универзум, а претходни беше избрана за мис на САД. Од тогаш е најбаран модел во модната индустрија.