Макрон позитивен на коронавирус
Франција – Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирусот, соопшти Елисејската палата.
Според прес-службата на француското претседателство, шефот на државата ќе биде во изолација во следните седум дена.
– На претседателот на Републиката му е дијагностициран Ковид-19. Во согласност со сегашните санитарни правила што се применуваат за сите, шефот на државата ќе биде изолиран седум дена. Тој ќе продолжи да работи и ќе ги извршува своите активности од далечина, се вели во соопштението.
На Макрон му бил направен ПЦР тест откако имал први симптоми на болеста.
Со вториот бран на коронавирус во Франција, блокадата поради Ковид-19 во земјата е заменета со полициски час од 20:00 до 6:00 наутро кој беше воведен на 15 декември.