Макрон го нарече „проклето срање“ ограничувањето за два претседателски мандата


 Францускиот претседател Емануел Макрон остро го критикуваше уставното ограничување од два мандата според кое тој мора да се повлече во 2027 година, нарекувајќи ја таа одредба – „проклето срање“, во коментарите на состанокот со партиските лидери во средата. 

Според лидерот на крајната левица Жан-Лук Меланшон, Макрон рекој  дека е „проклето срање што некој не може да биде реизбран“, зборови што за новинската агенција АФП ги потврдија  двајца учесници.