Макпетрол најуспешен на Државното карате првенство


Каратистите на Макпетрол освоија најмногу медали на Државното првенство за сениори одржано викендот во Скопје.

Тие освоија девет медали – 5 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.

На второто место се пласира Олимпик спорт 2007 исто така со девет медали од кои 4 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.

Сансаи Метал Апостолов, Штип, Башкими и Фунакоши Гичин освоија по четири одличја.

Државното првенството имаше изборен карактер за место во македонската репрезентација која треба да настапи на следното Европско првенство.