„Макфест 2022“: Гламур, сексапил и изненадувања


„Макфест“ годинава се врати на сцената на Центарот на култура „Ацо Шопов“ по две години во полн сјај, како ревијален фестивал – со (не) очекувани гости, специјални водители, певливи рефрени, со шеги на туѓа сметка, со спална и гостинска соба, црвен ќилим и изглед кој беше различен кај женските и машките изведувачи. Дамите се одлучија за вечерни тоалети, сексапилен или андроген изглед, на некои им стоеше, некои мислеа дека „гардеробата им одговараше“. Машките изведувачи беа или во костуми или со лежерен изглед со спортски елеци. 

Годинава, изненадување беше изборот на уметнички директор- Роберт Саздов од „Куку леле“, кој не милува вакви улоги, повеќе сака да настапува и да компонира ама ја прифатил поканата. Неговата десна рака беше композиторот и пејач  Јован Јован, поранешен член на „Магија“, кој по скандалот за местење на резултатите од гласањето на Скопскиот фестивал, замина во САД а оттаму во Канада, каде гради музичка кариера и живее со семејството. Изненадување беше настапот и на Ламбе Алабаковски кој неодамна доби шест месеци условна казна за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов “ во Битола.

Борко Ристовски, голманот на ракометниот клуб Вардар беше изненадувањето како водител, а Миланка Рашиќ, препознатлива по преносите на Оскарот, на сцената на „Ацо Шопов“ во Штип се потсети како водителка на „Макфест“.

На сцената на „Макфест“ ја видовме и Мелани Тарчуловска, ќерката на Јохан и Соња Тарчуловска, која ја паметиме како слатко девојче.

Јана Бурчевска од МРТ, кој вршеше директен пренос од двете вечери, се повеќе сакаме да ја гледаме во улога на водител, заради професионалниот однос и добар изглед. Водителката на фестивалот, Марјана Станојковска“ се уште е згодна и атрактивна, со добар избор на тоалети, а Димитар Атанасовски, беше расположен со своите досетки.

Допрва ќе се (о) зборува која синоќа беше најелегантна меѓу дамите: поп-ѕвездата Тамара Тодевска во црвената тоалета или водителката Лила Филиповска во зелената тоалета. Која беше најсекасапилна: Кристина Димитри, пејачка со титули како убавица, или атрактивната „Гранд ѕвезда“ Андријана Петрушовска?

Која песна ќе биде најслушана, ќе одлучи публиката во текот на годината, а на 38.издание на „Макфест“ во 2023 година ќе се додели парична награда.  (Л.С.)