Македонските женски екипи во Европскиот куп ги добија ривалите за втората рунда

Во седиштето на Европската ракометна федерација денеска беа извлечени двојките за втората рунда од Европскиот куп во женска конкуренција. Металург Автокоманда ќе ја има фаворитската улога против екипата од Луксембург Диферданж. Првиот натпревар се игра во Скопје, а реваншот на гости.
Екипата на ЖРК Чаир за ривал ја доби словенечката екипа Ајдовшчина. Првиот натпревар се игра во Словенија, а реваншот во Скопје.
ЖРК Куманово ќе треба да патува најдалеку бидејќи за противник ја има екипата од Литванија, Каскада Гарлијава. Првиот дуел се игра во Литванија, а реваншот во Куманово.
Термини за одигрување на натпреварите се 26/27.септември (прв натпревар) и 04/05.октомври (реванш).