Македонските одбојкари ќе се соочат со Бугарија на турнирот „Чајка“


Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе се соочи со Бугарија во завршниот натпревар од 49. издание на меморијалниот меѓународен турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 19 часот.

Бугарите со 3:1 ја победија Швајцарија, додека Македонија со истиот резултат загуби од Швајцарците, па вечерашниот натпревар ќе го одлучи освојувачот на трофејот.